Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе признае геноцид во Сребреница

Македонија ќе признае геноцид во Сребреница

Македонија ќе го поддржи признавањето на геноцидот во Сребреница, според најавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи, пред Генералното собрание на ОН на 2 мај на кое ќе расправа за Резолуцијата.

Ова прашање веќе предизвика бројни реакции во регионот, особено меѓу претставниците на Република Српска и на Србија.

– Мора да ги наречеме работите со вистинското име ако сакаме од нив да научиме и сакаме никогаш да не ни се повторат. Мислам дека тоа е важно за да конечно влеземе во процес на помирување во регионот. Многу е важно што БиХ доби одлука за почеток на преговорите, се надевам дека ќе ја консолидира соработката и односите меѓу трите ентитета.

Очекувам брзо нормализирање на односите меѓу Косово и Србија со меѓусебно признавање бидејќи тоа ќе затвори уште едно отвореное досие и очекувам Македониај да ја задржи стратершката предвилидност – рече Османи.

Ова следува по веста дека Франција се приклучи како коспонзор на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, што треба да биде изгласана во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Слично

Поврзани вести