Македонија ќе отвори амбасада во грчката престолнина
Македонија ќе отвори амбасада во Атина.
Владата на денешната седница донела одлука за отворање амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун. Одлуките ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на уставните измени во Македонија.
Одлуките ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија, велат од Владата.
Слично
