Македонија ќе и плати отштета од 9.000 евра на жена што сака да биде маж
Европскиот суд за човекови права во Стразбур и наложи на Македонија да му плати на трансродово лице пштета од 9.000 евра за претрпен стрес по пресудата во случајот „X против Македонија“ во кој Судот итврди дека на жената што сака да биде маж не и било дозволено да го промени идентитетот.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, лицето е родено во 1987 во Македонија како девојче со афинитети да биде момче од најрана возраст. Неидентификуваното лице во 2010 ја започнува постапката за менување на полот, но не можела тоа да го направи во ознаката за пол во личните документи, иако приложило докази од специјалисти од Белград кои и „дијагностицирале транссексуалност“.
Слично
