Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе ја зафати студен бран, а се најавуваат и врнежи

Македонија ќе ја зафати студен бран, а се најавуваат и врнежи

Студен бран ќе ја зафати Македонија. 

Во земјава утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со слаба претпладневна магла по  котлините. Во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. 

Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Промени ќе има во новата работна недела. 

Од среда се очекува време со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Денеска во земјава температурите беа до 18 степени. 

Слично

Поврзани вести