Македонија ќе испраќа војници во Ирак, Косово, Летонија, БиХ и Либан
Владата на 97-та седница донесе одлуки за испраќање или учество на припадници на Армијата во повеќе мисии и операции на НАТО, Алтеа, ОН.
На предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, меѓу коишто за учество во: НАТО мисијата „NATO Mission Iraq - NMI“ во Ирак; за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“, во Република Косово; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence - eFP ), во Република Летонија; за учество во меѓународната операција на ООН, „УНИФИЛ“, во Република Либан.
