МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО НАГРАДИ СРЕБРЕНИОТ ОЛИМПИЕЦ ОД ТОКИО: Дејан Георгивески ќе добие парична награда
Владата донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките
игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан
Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари, а на неговиот
тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари. Освојувачот на
сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со
дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт, се наведува во владиното соопштене.
Македонскиот олимпиец вчера застана на олимпискиот пиедестал, освојувајќи го второто место во таеквеондо во категорија над 80 килограми. Беше поразен од рускиот спортист.
Слично
