Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина

Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина

Владата на Република Северна Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина. 
Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина.
„Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина“, соопштија од Владата. 
Деновиве беше кажано дека во Украина нема да има доволно оружје за сите кои ќе се пријават да војуваат и да ја бранат државата. 

Сојузниците на НАТО ќе ѝ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на „Твитер“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

На 24 февруари, Русија започна со инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести