Македонија како Шведска: се отвора женска соба во Собранието
Македонскиот парламент по примерот на шведскиот парламент. Во Собранието на РМ ќе се отвори женска соба.
Главата на Собранието, претседателот Талат Џафери на одбележувањето на 15 години од основањето на Клубот на пратеничките во Парламентот рече дека ќе започне со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела.
Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, која како поранешна пратеничkа е една од основачките на Клубот, кажа дека уште многу треба да се работи на унапредување на правата на жените.
– Нам не ни требаат парфеми и подароци за 8 Mарт, туку придонес и поддршка, кажа Иванова.
Слично
