Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ја совлада Црна Гора

Македонија ја совлада Црна Гора

Македонија вечерва на Европското првенство во Хрватска, ја победи Црна Гора со резултат 29:28. 

Со овој триумф нашите репрезентативци се искачија на првото место во групата Ц, откако Германија ја победи Словенија.

Филип Кузманоски натпреварот го заврши со 5 погодоци. Филип Mиркуловски иако играше со повреда постигна 4 погодоци, а исто колку имаше и Манасков.

Капитенот Кире Лазаров натпреварот го заврши со 4 погодоци, а солидни меѓу стативите беа и двајцата голмани Митрески и Ристовски.

Кај Црногорците најефикасни Грбовиќ, Чавор и Вујовиќ.

Со оваа победа нашите репрезентативци се пласираа во вториот круг од првенството, а колку бодови ќе пренесат во наредната фаза ќе се знае после натпреварот со Германија во среда, кој Македонија го игра од терминот 18:15 часот.

Слично

Поврзани вести