Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ја победи Грузија, оди на Европско првенство

Македонија ја победи Грузија, оди на Европско првенство

Со победата над Грузија, Македонија се пласираше на Европското фудбалско првенство. 

Македонија во 60 минута од натпреварот против Грузија постигна гол.

Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев  по акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Европското првенство треба да се одигра следната година во неколку градови во Европа.

Македонија на својот дебитантски настап на континенталниот турнири ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам.

Европското првенство почнува на 11 јуни 2021 година.

Слично

Поврзани вести