Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ја доби и двојазичната поштенска марка

Македонија ја доби и двојазичната поштенска марка

Во Собранието денеска е промовирана поштенската марка со ликот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, со натпис на македонски и на албански јазик.

На двојазичната поштенска марка пишува дека е издадена по повод 550 години од смртта на Скендербег. 

Поштенската марка е објавена на сајтот на Македонски пошти каде што стои дека е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6000 примероци. Ликовното решение е на Лариса Живковска Донев

Законот за употреба на јазиците предвидува двојазичност и на поштенските марки, но тој не е влезен во употреба. Се очекува одлука од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да го потпише Указот, или да стави вето на законот. 

Слично

Поврзани вести