МАКЕДОНИЈА ЈА ДОБИ 13-ТА ВЛАДА ПО РЕД: Ќе служиме чесно и одговорно, рече премиерот Заев
Половина час пред полноќ, по цели два дена расправа, пратениците ја изгласаа 13-та Влада по ред. За новиот владин кабинет гласаа 62 пратеници, додека 51 беа против. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа веднаш откако се гласаше, па не беа присутни во моментот кога новите министри дадоа заклетва и ги потпишаа свечените изјави.
Опозициските пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште во текот на вчерашниот ден најавија дека ова ќе биде најкусиот мандат на една Влада, која, како што најавија ќе ја урнат со демонстрации кои ќе започат уште есенва.
Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе служат одговорно и чесно во интерес на граѓаните
Ова е составот на Владата која брои 19 министри:
Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем
Љупчо Николоски – вицепремиер за борба против корупцијата
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Бојан Маричиќ – министер за правда
Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска -министерка за образование и наука
Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Ирена Стефоска – министерка за култура.
Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Горан Милевски – министер за локална самоуправа.
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Фатмир Бесими – министер за финансии
Крешник Бектеши – министер за економија
Насер Нуредини – министер за животна средина
Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација
