Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија испиша фудбалска историја, за прв пат ќе игра во бараж

Македонија испиша фудбалска историја, за прв пат ќе игра во бараж

Фудбалската репрезентација на Македонија за прв пат ќе игра во бараж за пласман на едно Светско првенство, откако во последното коло од својата квалификациска група вечерва со 3-1 го совлада Исланд на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Езгијан Алиоски ја затресе мрежата на противникот уште во 7 минута, а гостите го израмнија резултатот во 54 минута преку јон Дагур Торстеинсон. Потоа стапи на сцена „дијамантот“ Елиф Елмас“ со два прекрасни погодоци. Првиот во 65, а вториот во 87 минута, откако во меѓувреме во 79 минута по еден негов маестрален потег Исак Јоханесон доби исклучување.

Црвено-жолтите за прв пат ќе играат во една нокаут-фаза по регуларен пат преку натпревари со противници од повисоки ешалони. Претходно, македонската селекција играше на Европско првенство, но таму се пласираше преку Лига Европа.

Слично

Поврзани вести