Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ИМА СРЕЌА ШТО ГО НАЈДЕ, БЕЗ ТАКОВ „НАЛУДНИЧАВ“ ПОЛИТИЧАР ЌЕ БЕВМЕ ЦРНА ДУПКА - новинарот Чомовски за премиерот Заев

МАКЕДОНИЈА ИМА СРЕЌА ШТО ГО НАЈДЕ, БЕЗ ТАКОВ „НАЛУДНИЧАВ“ ПОЛИТИЧАР ЌЕ БЕВМЕ ЦРНА ДУПКА - новинарот Чомовски за премиерот Заев

Новинарот Александар Чомовски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека Македонија имала среќа што го нашла Зоран Заев.

Тој вели дека без Заев, кој сфатил дека главните стратешки процеси се решаваат во првите две-три години од владеењето, ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава.

Апсолутно е добро што го имаме Преспанскиот договор, тоа е нужно, рече меѓу другото во емисијата Чомовски. 

Чомовски рече дека и досега изјавил дека Македонија имала среќа што го нашла Зоран Заев. 

„Без таков, сега ќе кажам, налудничав политичар, кој сфати дека главните стратешки правци се решаваат во првите две до три години од владеењето, ние ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава. Се разбира, тоа не е резултат на знаењето и умешноста на Зоран Заев, меѓутоа овој тип на решавање на спорот со Бугарија и спорот со Грција допрва ќе се изучува како модел, со сите слабости што ги има на домашната сцена. На крајот на краиштата, и еден Вучиќ вели - ајде да размислиме дека Преспанскиот договор може е модел за решавање на косовско-српскиот дијалог и статусот на Косово. Тие се нови сфаќања кои допрва треба да ги изучуваме. Но, тоа не му дава за право на премиерот дека и во преговорите со Бугарија може да биде така лежерен, бидејќи секој знае да си извлече од својата позиција максимум што може да извлече“, рече Чомовски. 

Слично

Поврзани вести