Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и возвраќа на Грција, чија нацрт-спогодба ќе победи?

Македонија и возвраќа на Грција, чија нацрт-спогодба ќе победи?

Македонија денес и ја доставила на Грција својата подготвена нацрт-спогодба за решавање на спорот околу името. Ова следуваше како контра напад откако вчера шефот на грчката дипломатија соопшти дека Атина ја доставила нацрт-спогодбата за спорот уште пред неколку дена. 

Министерот за надворешни прашања, Димитров не откри што содржи македонската нацрт-спогодба доставена до Атина, но не откри ниту што содржи документот доставен од Атина. Тој само напомена дека двата документи имаат доста разлики.

Денес прв пат е откриено дека и македонската страна подготвила нацрт-спогодба. Според Димитров нема рок за одговор меѓу двете страни по нацрт-спогодбите, само најави дека тоа ќе се дебатира на средбата со Коѕијас во петок, а потоа и на новата рунда преговори под покровителство на медијаторот Нимиц.


Слично

Поврзани вести