Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ ГО ПРАЗНУВААТ 1 МАЈ: Зошто е важен овој ден?

МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ ГО ПРАЗНУВААТ 1 МАЈ: Зошто е важен овој ден?

Во светот денеска се одбележува 1. Мај,  меѓународниот Ден на трудот. Историјата на овој празник потекнува од 1886 година кога стотина илјади американски работници излегоа низ улиците на Чикаго, за да побараат општо прифаќање на осумчасовното работно време.

Насилства не се случиле на 1 и 2 мај, но затоа на 3 мај имало тепачка меѓу стотици работници во „Мек Кормик Рипер“ членови на синдикатот, и оние кои не припаѓале на синдикатот односно оние кои Мек Кормик ги вработил наместо нив. Се вмешала полицијата, при што убиени се 4 членови на синдикатот.

Бесни поради овие случувања, група на анархисти предводени од Август Спејс и Алберт Парсон повикале на самовоорожување и на масовни протести на 4. мај. Биле само 3.000 и се чинело дека протестот бил „фијаско“. Пред крајот на протестот едно лице фрлило бомба и  убило 7, а ранило повеќе од 60 полицајци.

Државните власти ги прогласиле Спејс и Парсон за виновни и ги погубиле на 11 ноември 1887 година, иако никогаш не било утврдено кој ја фрлил бомбата. 250.000 луѓе биле присутни на нивниот погреб за да го изразат својот срам за осудата на двајцата и да изразат незадоволство поради неправедното погубување.

Празникот ќе се одбележи денеска и во Скопје со марш. Маршот ќе почне во 11 часот од пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Владата каде ќе биде прочитан првомајски манифест, со кој ќе се побара брзо решавање на сите нерешени работи од Законот за работни односи и Општиот колективен договор. Оваа година се одржува под мотото „Не може да се одлучува за нас, без нас”.

1 Мај е неработен ден во Македонија.

Денот е прогласен за државен празник, по НОБ во СФРЈ, а од 1945 година комунистичките власти почнаа да го слават празникот секоја година.

Слично

Поврзани вести