Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

Рекордни температури се измерени вчера во Македонија. Согласно синоптичарите, максималната температура се искачила на 41 степен во Демир Капија, каде било и најтопло. 

- Денес во Македонија имаме навистина екстремно високи температури, а таквите температури ќе се задржат и во следните денови. Најтопло попладнево е во Демир Капија каде температурата достигна дури до 41 степен, а во Скопје температурата се искачи до 37 степени. Времето е многу мачно и спарно, и тоа поради присуството на Сахарската прашина  и песок во воздухот - напиша метеопрогнозерот Славчо Попоски на неговиот Фејсбук профил. 

Тој објави и фотографија од официјални мерења за регионот:

Ниту денеска не се очекува намалување на температурите. Како што најави УХМР земајта е во портокалова фаза и температурите нема да попуштат до крајот на неделата. 

Еве каква е најавата според УХМР.

- Претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. УВ зраците ќе бидат 9. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец - објави УХМР.

Еве какво време се очекува следните три дена. 

 

Слично

Поврзани вести