Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на
Обединетото Кралство, Дејвид Лами потпишаа Декларација за стратешко партнерство.
Со ова, според Муцунски, се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.
„Денеска, во британскиот Форин офис, остварив средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО“, посочи Муцунски.
Тој кажа дека било разговарано и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој како што наведе, ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти.
Слично
