МАКЕДОНИЈА И КОСОВО НА ИСТА ПОЗИЦИЈА: Скок од 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата
Македонија скокна на листата според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2021 година и се наоѓа на 87 место од 180 рангирани држави, со 39 од можни 100 поени, што е раст од четири поени и скок од 24 места во однос на минатата година. Сепак земјата останува под глобалниот просек од 43 поени, заедно со две третини од сите рангирани држави. Северна Македонија овогодинешното 87-мото место го дели со Косово, Колумбија, Етиопија, Гвајана, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам.
Од земјите од Западан Балкан најлошо стои Босна и херцеговина која со оцена од 35 е на 110 место. Црна Гора има 46 поени и е на 64 место, а Словенија на 41 место. Србија е рангирана како хбриден режим на и со 38 поени се најде на 96 место. Хрватска е непроменета на 63 место со исто 47 поени како и минатата година.
Директорката на Транспаренси Интернешнл – Македонија Слаѓана Тасева, презентирајќи ги наодите од ИПК за 2021 година на денешната прес-конференција, порача дека имаме подобрување, но не значи дека е многу добро и резултатот е се уште низок и сме далеку од тоа што сме биле во 2015 година, кога сме биле на 66 место.
Првото место на Индексот за перцепција на корупцијата го делат Данска, Финска и Нов Зеланд со по 88 поени, додека на 180 место е Јужен Судан со 11 поени.
