Македонија и Косово ќе одржат заедничка владина седница
Владата на Северна Македонија и на Косово планираат да одржат заедничка седница.
Taa ќе се одржи на 25 јануари 2021 година во Скопје.
Владата денеска на седница ја разгледала и усвоила информацијата за одржување заедничка седница со Владата на Косово. Сите министерства се одговорни за доставување предлози до Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од вицепремиерот Артан Груби, во рок од пет дена за можни прашања, теми за дискусија, договори и меморандуми кои ќе бидат на дневен ред на таа сесија.
Изминативе години и со други соседни земји имаше заеднички седници.
Слично
