Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Косово ќе го ратификуваат Договорот за заемна правна помош

Македонија и Косово ќе го ратификуваат Договорот за заемна правна помош

Северна Македонија и Косово ќе го ратификуваат Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, соопштија од Владата. 

На денешната 119-та седница е утврден и Предлог-законот за ратификација на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.

Како што додаваат од Владата, ратификацијата на Договорот ќе обезбеди регулирање на граѓанската материја (оставински постапки, мешани бракови, алиментации и други) со што се зајакнува правната соработка меѓу институциите и се олеснува правниот сообраќај на државјаните на двете држави.

Слично

Поврзани вести