Македонија и Европската Комисија ќе потпишат Договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема
Северна Македонија и Европската Комисија ќе потпишат Договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема.
Владата на седницата одржана денеска ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.
Слично
