Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија и Албанија ќе отвораат културни центри во Тирана и Скопје

Македонија и Албанија ќе отвораат културни центри во Тирана и Скопје

Македонија и Албанија треба да отворат културно-информативни центри во своите главни градови со цел да се доближат повеќе и граѓаните да се запознаат подобро со културните особености, како и новости и настани за тоа што се случува со нивните соседи. 

„Министрите ја разгледаа и ја усвоија Информацијата за поведување постапка за склучување Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје“ соопштија од Владата на Република Македонија. 

Оваа идеја за културна размена најверојатно била поставена на маса како идеја на претходните владини средби на највисоко ниво меѓу Македонија и Албанија. Засега нема конкретни информации на која точно локација во Скопје и Приштина ќе се градат КИЦ, колку ќе чинат и какви содржини ќе нудат за граѓаните кои се заинтересирани за културата. 

Слично

Поврзани вести