Македонија го слави Илинден
Македонија денеска го одбележува 2 Август, меѓу народот познат и како Илинден.
Го чествуваме Илинденското востание во 1903 година и прогласувањето на првата република на Балканот и првото заседание на АСНОМ во 1944 година каде се поставени темелите на македонската држава.
Празникот кој го одбележуваме традиционално во Крушево и во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, Кумановско, годинава првпат ќе биде прославен со специјални протоколи, поради пандемијата на коронавирусот.
Собранскиот спикер Талат Џафери сепак нема да оди за Илинден на Мечкин камен во Крушево.
Тој нема да ја предводи делегацијата на Мечкин Камен за одбележувањето на националниот празник 2 Август –Ден на Републиката.
Ова го соопшти собраниската прес служба. Делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.Програмата во Скопје ќе се одржи на настан на кој ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски.
Оваа година претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар Пелинце.
