Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Македонија главна на насловните страни во медиумите од регионот: Отворен патот кон НАТО

(ФОТО) Македонија главна на насловните страни во медиумите од регионот: Отворен патот кон НАТО

„Во Брисел потпишан протоколот НАТО-Македонија“, „Отворен патот на Македонија кон НАТО“, „Потпишан протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО“, „Македонија направи историски чекор кон членството во НАТО“, „Скопје го потпиша протоколот за влегување во НАТО“ ... Ова е мал дел од насловите кои ги преполнија медиумите од регионот.


Македонија денеска е во фокусот на вниманието откако министерот Димитров се ракуваше со претставниците на 29 земји членки кои ставија потпис на протоколот за полноправно членство на земјава во НАТО алијансата.

Силен аплауз и овации за Македонија а Димитров со рака на срце им возврати на присутните.

Со историскиот чекор, започнува и последната фаза од процесот за прием на Македонија во НАТО.


Документот требаше да биде одобрен од сите земји членки, вклучително и од Грција. Имено, властите во Атина досега го блокираа членството на Скопје во НАТО поради спорот за името а по потпишувањето на историскиот договор од Преспа и таа пречка е надмината.

-Тоа е само првиот чекор. Патот натаму нема да биде лесен, тој ќе биде вистински предизвик-рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.


-Исполнет сум со емоција. Ова беше долго патување. Си го исполнуваме ветеното кон нашите предци. Тоа е резултат од работата на многу поколенија и специјално на волјата на Заев и Ципрас, кои докажаа дека невозможното е возможно-кажа пак министерот Димитров.

Очекувањата се до крајот на годината Скопје да седне на масата на НАТО ефективно.


Дотогаш се предвидува да заврши процедурата по ратификување на договорот од сите земји членки.

Слично

Поврзани вести