Економија, финансии, бизнис

Контакт

MAКЕДОНИЈА ГЛАСА: Граѓаните ќе го изберат десеттиот парламентарен состав

MAКЕДОНИЈА ГЛАСА: Граѓаните ќе го изберат десеттиот парламентарен состав

Во земјава утрово започна гласањето за избор на десеттиот парламентарен состав. 

Денеска 1.814.263 граѓани од 7 часот па до 21 може да гласаат. 

Гласачите оваа година може да избираат меѓу 15 изборни листи и 1.560 кандидати за пратеници.

Изборите се одржуваат под посебен протокол поради епидемијата на коронавирусот. 

Ќе мора да се носат маски на избирачкото место и да се држи растојание. 

Вчера гласаа затворениците и болните, а завчера заразените од вирусот и луѓето кои се во самоизолација. 

Слично

Поврзани вести