Македонија ги доби првите антидискриминатори, Собранието ги изгласа седумте најдостојни
Собранието денеска ги избра седумте членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која започнува да работи според новиот закон и ќе одредува кој и по која основа е дискриминиран во општеството.
Избрани со мандат од пет години се правниците Игор Јадровски и Неда Чаловска Димовска, како и политикологот Лимко Бејзароски и лекарот специјалист по семејна медицина Ирфан Деари.
Тригодишен мандат добија политикологот Кире Василев, магистерот по правни науки Исмаил Камбери и психологот Весна Бендевска.
Слично
