Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА Е КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА САД ЗА УКРАИНА: Mицкоски вели дека така одлучиле

МАКЕДОНИЈА Е КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА САД ЗА УКРАИНА: Mицкоски вели дека така одлучиле

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина. 

Македонија е една од државите што се коспонзори на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција.

„Така одлучивме“, вели премиерот Мицкоски. 

Тој изрази очекување дека резолуцијата ќе биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за нацрт-резолуцијата за Украина предложена од САД. Коспонзори на резолуцијата се и Израел, Грузија и Унгарија. Во текстот се изразува тага за трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и се апелира на ставање крај на војната. Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече резолуцијата едноставна и историска и ги повика членките на ОН да ја поддржат со цел да се зацрта патот кон мирот. Руската инвазија на Украина почна на денешен ден пред три години. 

Слично

Поврзани вести