Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија дупло дно, ВМРО-ДПМНЕ разочарани критикуваат

Македонија дупло дно, ВМРО-ДПМНЕ разочарани критикуваат

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со критика кон власта

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, а Република Македонија тоне во корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава.

„Македонија под  власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција.  Економијата стагнира кога на целиот континент е во пораст. Цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ да управува со економијата. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев ја урниса македонската економија. Нула проценти раст на БДП во 2017 година, 20 проценти пад на градежништвото“, се вели во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат додаваат дека додека економијата тоне, Македонија се обидува да ја дефокусира јавноста со креирани политички случаи.


Слично

Поврзани вести