Maкедонија досега има регистрирано над 150.000 ковид случаи
Maкедонија досега има регистрирано повеќе од 150.000 ковид случаи.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 150.672. Бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи е 16.049. Бројот на активни паѓа.
Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19 во: Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија - по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.
Регистрирани се 856 оздравени пациенти, но и 37 починати.
foto freepik
Слично
