Македонија доби протестна нота од бугарското МНР за променет споменик
Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крстевски поради замена на спомен-плоча која претходно била испишана на бугарски јазик.
Според директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева, бугарската дипломатска мисија во Скопје открила дека во дворот на црквата во село Клепач, во прилепско, заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.
Заменет бил и оригиналниот натпис на книжевен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници. Протестната нота ја добил в.д. раководителот на амбасадата на РС Македонија, Владимир Крстевски,
Бугарската страна инсистирала компетентните власти на РСМ да ги преземат мерки за истрага и за враќање на оригиналниот споменик. Било подвлечено дека промената на историските артефакти претставува акт на уништување на автентичниот изглед на културно-историското наследство и обид за ново пишување на историјата, што предизвикува сериозна загриженост, со оглед на потребата од стриктно исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.
