Македонија доби ново име, но го спаси идентитетот
Грција прифати дека во сега, новата, Северна Македонија, сѐ уште живее народ наречен Македонци кој го зборува македонскиот јазик и има македонски идентитет и наследство. Можно е овие двајца лидери (премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас) да бидат фаворити за Нобеловата награда за мир оваа година, коментира аналитичарот Петар Арсовски во неговата денешна колумна за Ал Џезира.
Грчкиот парламент, со 153 гласови од вкупно 300, го ратификуваше договорот со Македонија, со кој завршува 27-годишниот спор околу името и идентитетот на нејзините граѓани во земјата. Според договорот, Македонија прифати да го смени името во "Република Северна Македонија", а Грција прифати дека во неа живеат луѓе наречени Македонци, кои го говорат македонскиот јазик и имаат македонски идентитет и наследство. Тоа е, со неколку зборови, суштината на договорот што е постигнат и толку емотивно прфатен и ратификуван во двете земји.
Следуваше канонада на пофалби од меѓународната заедница - дипломати кои биле вклучени во поттикнување на двете земји да постигнат договор, лидерите на ЕУ, НАТО, скоро сите на западната цивилизација упатија поздрави за храбар чекор на двете држави - Зоран Заев и Алексис Ципрас во нивната определба преку дијалог да го завршат овој долгогодишен проблем, најавувајќи дека е сосема можно овие двајца лидери да бидат фаворити за Нобеловата награда за мир оваа година. Паралелно, со ратификацијата на договорот исто така се отстранува и грчкото вето на евро-атланската интеграција на Македонија, која сега се надева на брз напредок на овој пат, и може да се каже дека веќе во 2019 година ќе стане членка на НАТО и ќе започне преговори со ЕУ:
Прашањето е, што сега треба да се очекува во демонтирањето на овој, на многу начини, монументален чин? Дали во двете земји треба да се очекуваат нови протести на опозицијата во спроведувањето на договорот? Што значи овој договор во поширока смисла за целиот регион? На крајот, од перспектива на Македонците, дали ова е конечен успех, дали вредеше, и што понатаму?
Што значи договорот за регион
Прво, од аспект на домашната политика на Македонија и Грција, не мислам дека треба да се очекуваат понатамошни шокови во спроведувањето на овој договор. Како и во Македонија, каде што исто така опозицијата е против договорот и отпорот остана на неколку замрзнати демонстранти на улица, така паралелно и грчкото противење на овој договор се ќе намалува со текот на времето. Вчера демонстрантите беа преполовени. Без оглед на острата реторика на Мицотакис, кој тврди дека ќе го раскине овој договор, кога ќе биде на власт, се поверојатно е дека двете опоиции во земјите ќе ја прифатат реалноста и интересот во донесувањето и спроведувањето на договорот само ќе се зголеми.

Договорот ќе стане меѓународен документ, електоратот во двете земји ќе види дека не се случи катаклизма, Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе навлее подлабоко во преговорите со ЕУ, како и во отворањето на економијата, културната размена, како и довербата меѓу Скопје и Атина ќе работи со брзина што изгледа како да сака да се надомести во изминатите 27 години. Покрај тоа, Грција ќе има проблеми со своите нови мерки на штедење, а Скопје ќе биде под голем притисок да ги исполнат потребните реформи за ЕУ, така што никој нема да има ниту време, ниту желба за организирање опозициски договори. Напротив, мислам дека наскоро ќе стане тема која е целосно ад-акта.
Второто прашање е што значи овој договор во поширока смисла за регионот? Овој потег е, секако, сериозен пресврт на регионот кон Запад, нешто што не му се допаѓа на Русија. Затворањето на прашањето за Македонија на овој начин е индикација дека натамошната евроатлантска интеграција на регионот ќе се забрза и ќе се интензивира. Со решавање на ова прашање, притисокот за дијалог и прекин на спорот меѓу Белград и Приштина е посилен. Истото важи и за Босна, Кипар и конечно за Србија, која останува релативно единствениот остров што не е јасен на запад. Во оваа смисла, овој договор ќе има каталиаторски ефект врз регионот.
Прашање за идентитетот
Со реалиацијата на овој договор процесот за евроинтеграција на Македонија ќе биде потпомогнат, но никако и завршен. Овој договор ги отстранува меѓународните пречки на тој пат, но останува многу домашна работа - реформата на јавната администрација, владеењето на правото, и голем број на специфични задачи од последниот извештај на ЕУ за реформите кои мора да одат паралелно со спроведувањето на овој договор. Ова ќе ја има својата политичка цена за владата Заев, но прашање е дали тој и неговата СДСМ ќе одржат силна политичка волја за овој проект и во текот на 2019 година. Во исто време се најавуваат промени на политичкиот пејаж во ЕУ, бидејќи, најверојатно,бидејќи најверојатно европските ибори ќе доведат до поскептичен европарламент кога станува збор за проширувањето. Резултатот е тоа што Македонија сега се трка со најверојатно последниот брз воз за во ЕУ и трча да се дофати за последниот вагон.
Конечно, за многу Македонци, кога ќе почнат болните и неопходни реформи кои се дел од процесот на преговарање, се поставува прашањето дали вредеше? Дали го губат својот идентитет, го "продаваат" своето име и наместо пофалби добиваат листа на нови задачи. Може да биде тешко да се одговори на ова прашање, сепак, што се однесува до идентитетот, не мислам дека постои опасност. Овде, договорот беше потпишан, станавме Северна Македонија, а сепак улиците сѐ уште се покриваат со снег што никој не го чисти пред својата куќа, отпушоци има насекаде, сите се уште се туркаат пред шалтерите и ја пцујат државата. Се чини дека ние навистина го спасивме идентитетот.
