Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија доби и критики од ЕК - на што се однесуваат тие?

Македонија доби и критики од ЕК - на што се однесуваат тие?

Пофалби, но и критики стигнаа на адреса на нашата земја.  Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија за 2019 година, е најпозитивниот досега, со големи пофалби на реформите, но сепак има и бројни посочувања на областите на коишто треба да се работи.

Има забелешки за непотизмот, политичките назначувања, критики за МРТВ. Се бараат напори да се врати довербата на јавноста во судството. Но, се бара и да се зголеми конкурентноста во економијата со промена на образовните програми. 

„Властите мора и понатаму да ги засилат напорите за да докажат дека борбата против корупцијата е национален приоритет на сите нивоа на власта“, стои во извештајот.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје честиташе затоа што Европската Комисија препорача да почнат преговорите на нашата земја со ЕУ. 

Тој изјави дека минатиот јуни лидерите на ЕУ поставија јасен пат за отворање на преговорите оваа година, продлабочување на реформите во неколку области и побараа од EК да подготви извештај за тоа.

„Еврокомесарот Хан кажа јасно дека земјата ја искористи шансата што и беше понудена и ја спроведе поставената амбициозна агенда“, рече Жбогар.

Земјата вели ги исполни сите услови и забележа резултати во повеќе области, а тоа се владеење на правото, судството, борбата со корупцијата и организираниот криминал, реформа на јавната администрација, реформа на разузнавачките служби и на јавната администрација.

Дополнително, како што рече Жбогар, беше постигнат и историскиот Договор од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија. 

Слично

Поврзани вести