Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

Пред споменикот на св.Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе бидат положени венци цвеќе по повод државниот празник посветен на светителот. 

Во чествувањето ќе учествуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и политички партии. 

Во Собранието денеска во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. 

Добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието е академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста ја добиваат Живоин Глишиќ, композитор и Беди Ибрахим, ликовен уметник.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Слично

Поврзани вести