МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ОД ГЛАВНАТА ПРОГРАМА НА БЕРЛИНАЛЕ: Ѕирнете зад сцената на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“
За прв пат во историјата на Македонската кинематографија Македонија е дел од главната програма на Берлинскиот филмски фестивал со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.
Со ова учество Македонија после 25 години повторно ќе биде дел од главната конкуренција на еден од трите најголеми фестивали во светот, Берлин, Кан, Венеција.
Пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” официјалниот трејлер го видед светлото на денот.

Дејството во филмот се случува во Штип, каде секој јануари локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Среќата и просперитетот се загарантирани на човекот кој ќе го фати прв. Петрунија е главниот лик, кој неочекувано се фрла во водата од каприц и успева да го фати крстот пред другите. Нејзините конкуренти се бесни од смелоста на една жена да учествува во нивниот ритуал, настанува општ хаос. Петрунија си останува на своето место, со крстот и нема намера да се откаже.
10 февруари е датумот на кој ќе се одржи светската премиера за филмот.
