Македонија чека одговор за вакцината Спутник
Македонија испратила прашања до Русија за вакцината Спутник.
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вели дека чекаат одговор.
„Пративме прашања до каде е клиничката студија, кога може да се очекува, колквава ќе биде цената. Ги следиме и другите вакцини, аплициравме и за Ковакс механизмот кој овозможува рамомерна распределба на вакцината штом таа ќе биде достапна. Стручните препопарки се дека прво треба да се ваквинираат ризичните групи: постарите и хронично болните. Ние аплицираме за 400.000 граѓани (20 посто од населението) да има по две дози, значи 800.000 дози“, рече Филипче.
Во Македонија бројот на заразени урива рекорди. Надлежните ќе следат какви бројки ќе имаме идните денови, а можно е да има и нови рестрикции.
