Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија чека 500.000 дози Синовак: Ердоган ќе ни донира уште 30.000

Македонија чека 500.000 дози Синовак: Ердоган ќе ни донира уште 30.000

Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак“, соопшти синоќа министерот за здравство Венко Филипче кој вчера попладнето го придружуваше премиерот Зоран Заев во Истанбул каде имаа работна вечера со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тие двајцата разговараа со Ердоган во ексклузивен амбиент.

„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, напиша Филипче на фејсбук.

По средбата беше соопштено дека се зборувало за актуелни теми и збогатување на меѓусебната соработка.

Македонија чека 500.000 дози вакцини од овој производител. Вчера беше соопштено дека Кина ја одобри за итна употреба вакцината Синовак Биотек против Ковид-19 за деца на возраст од 3 до 17 години


Слично

Поврзани вести