Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Македонија Блокира“ се спојува со ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија Блокира“ се спојува со ВМРО-ДПМНЕ

Движењето „Македонија Блокира“ денеска заедно ќе протестира со ВМРО-ДПМНЕ пред македонската Влада, соопштуваат од таму.

„Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес“, се вели во нивното соопштение.

Од таму велат дека се на иста линија против „ненародната власт и уставните промени“.

„Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се додава во соопштението.

Протестоит е закажан за подоцна попладне.Од „Македонија Блокира“ веќе најавија протест в сабота пред Собрание каде започнува седницата за изгласување на измените на уставните амандмани.


Слично

Поврзани вести