Македонија била рекордер по потрошени пари за патни трошоци: Апасиев и Крмов поднесоа измени на законот
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претсдателот на Собранието поднеле Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците, а измените се однесуваат на патните трошоци на пратениците.
Со законот, како што обајвија, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци или од 20 проценти на 5 проценти од продажната цена на литар гориво за изминат километар.

„Тоа практично значи дека патните трошоци се сведуваат на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз. Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците, велат од Левица.
На социјалната мрежа Фејсбук, Димитар Апасиев ја сподели информацијата со објава со коментар антиестаблишмент и со хаштаг „стоп на привилегиите“
Слично
