Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ВОЗДРЖАНА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГАЗА: Муцунски објасни зошто...

МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ВОЗДРЖАНА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГАЗА: Муцунски објасни зошто...

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски денеска истакна дека македонската надворешна политика е секогаш за мир во однос на сите конфликти во светот, а за резолуцијата за прекин на огнот во Газа во Генералното собрание на Обединетите нации земјава гласала воздржано, поради одредени недоречености во самиот текст, кои, како што наведе не соодвестуваат со основните принципи на меѓународното право и во неа не се дефинира што всушност претставува Хамас.

„Нашата надворешна политика е така поставена и даваме свој инпут како мала држава за мир меѓу Украина и Русија, жалиме за развојот на состојбата на Блискиот Исток, исто така сакаме мир меѓу Израел и Палестина. Но, кога ќе видите една таква резолуција, таа има своја содржина и во однос на содржината на каква било резолуција ние поставуваме наш политички став. Во неа ќе видите аргументи, кои се спротивставени со основните принципи на меѓународното јавно право“, рече  Муцунски.

Тој посочи дека во резолуцијата немало јасна дефиниција за Хамас, за тоа што значи и како дејствува оваа организација, за која, рече дека за него, без дилема, е терористичка.

„На пример за мене нема никаква дилема дека Хамас е терористичка организација, којашто изврши убиства на територија на Израел, но кога нема јасно дефинирање за дејствијата на Хамас, за организацијата, што правела, не можеме да застанеме позади една таква резолуција“, вели Муцунски. 

Инаку, Резолуцијата за прекин на огнот во Газа беше усвоена со 149 гласови, 12 држави гласа против, а 19 беа воздржани.

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски

Слично

Поврзани вести