Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија бара целосна либерализација на транспортот во регионот

Македонија бара целосна либерализација на транспортот во регионот
Целосна либерализација на превозот на стоки во регионот, побара министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на средбата на министрите за транспорт на државите во Југоисточна Европа, што денеска се одржа денеска во Тирана. Според Јанакиески, транспортната либерализација ќе придонесе за зајакнување на економската соработка меѓу земјите во регионот и ќе донесе голем број бенефити, а за ваква иницијатива тој побара поддршка и од претставниците на Европската комисија. Јанакиески ги презентираше и главните инфраструктурни проекти и активности кои се реализираат во Македонија, меѓу кои и изградбата на двата нови автопатишта Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, чиј почеток се очекува овој месец и изградбата на првата делница од пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8, што се очекува да започне во текот на следниот месец. На средбата во Тирана учестуваат и претставници од Албанија, Косово и Црна Гора, како и членови на Делегацијата на ЕУ и генералниот менаџер на Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа (СЕЕТО).
Слично

Поврзани вести