Македонија - Словенија на Градски со публика: Владата прави исклучок за 1 јуни
На 1 јуни, пријателски натпревар Македонија - Словенија на Градскиот стадион во Скопје, ама со публика. На синоќешната владина седница која почна доцна вечерта во 20 часот министрите изгласаа одлука на тој натпревар исполнетоста на стадионот да биде до 30 отсто. Натпреварот е подготвителен и се игра пред Европското фудбалско првенство на кое Македонската фудбалска репрезентација, се пласираше за прв пат. Ова ќе биде исклчуок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, а од Владата велат дека го прават заради поддршка на македонските репрезентативци.
„Подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, стои во соопштението.
