Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонецот претепан до смрт во Љубљана е од Кочани

Македонецот претепан до смрт во Љубљана е од Кочани

Амбасадата на Македонија во Љубљана извести дека на 2 октомври загина 39-годишен македонски државјанин роден во Кочани. 

Се работи за Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци,кој е смртно претепан во Љубљана. Погребот ќе буде утре во родното село Тој бил сурово убиен во центарот на Љубљана.


– Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, извести МНР.

Пронајденото безживотно тело, кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана, му припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија,  потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана Шпела Шкопорц.

Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт.

– Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди – најави портпаролката.


Слично

Поврзани вести