Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ УБИ ГРКИНКА НА КРИТ ОДИ ВО ПРИТВОР: Барал прошка од семејството

МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ УБИ ГРКИНКА НА КРИТ ОДИ ВО ПРИТВОР: Барал прошка од семејството

На 43-годишниот македонски државјанин, кој го призна убиството на 45-годишната жена на грчкиот остров Крит, денеска судот му одреди притвор по заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител.

Осомничениот се товари за убиство со умисла, а пред истражните органи во Ханија изјавил дека злосторството било извршено по расправија со жртвата и дека не било однапред испланирано. Според грчките медиуми, тој во својот исказ побарал прошка од семејството на убиената.

Македонскиот државјанин ќе остане во притвор до почетокот на судскиот процес.

Убиството го извршил на 30 мај, истиот ден кога исчезнала 45-годишната Ставрула Левендаки. Случајот беше расветлен минатата седмица, кога 43-годишниот М.Л., кој со години живее и работи на Крит и последните четири години бил потстанар во куќата на жртвата, го признал делото во текот на предистражната постапка.

Инаку, сопругата тврдеше дека тој е невин, иако го признал делото.

Слично

Поврзани вести