Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Возачот заврши во болница

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Возачот заврши во болница

Македонски државјанин утрово загина во Србија, на автопатот  Нови Сад-Суботица, кон граничниот премин со Унгарија, Хоргош, а друго лице е тешко повредено.

Возилото „киа“ утрово околу 5.15 часот излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело. Загина сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица.

Полицијата во Суботица соопшти дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз.

Слично

Поврзани вести