Maкедонец загина во сообраќајка во Хрватска
Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 на релација Брегана-Липовац во Хрватска, загина македонски државјанин, а друг е тешко повреден, објавија хрватските медиуми.
Загинатиот (51) бил на совозачкото место во автомобил со италијански регистарски таблички. Несреќата се случила вчера во 19.10 часот, откако автомобилот излетал од патот. Засега не е објавен идентитетот на двајцата македонски државјани. Истрагата ќе покаже зошто возилото излетало од патот. И претходните години имаше слични трагедии каде настрадаа македонски државјани.
фото: Илустрација
Слично
