Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец загина на патот Подгорица – Цетиње

Македонец загина на патот Подгорица – Цетиње

Македонски државјанин загинал во Црна Гора. 

Мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобила и мотоциклист, кој починал на самото место.

Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње, се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.

Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње била во прекин, поради што се формирале колони од Подгорица кон Цетиње во двата правца.

Слично

Поврзани вести