Македонец загина на Малта - потребна е помош за транспорт на телото
Во сообраќајна несреќа во Слиема, Малта загина млад Македонец.
Во групата „Македонска заедница во Малта“ е објавено дека замолуваат сите хумани луѓе да донираат со цел да се соберат средства за транспорт на телото во Македонија.
„Почитувани, за жал вчера згасна живот на наш млад Македонец ( Мартин Костов ) во сообраќајна несреќа која се случи во Слиема. Поради финансиски потешкотии на неговото семејство Ве замолуваме кој колку може да донира на сметка на неговиот брат Иван Костов ( сликата е во коментар ) со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија. Да покажеме солидарност и хуманост во овие тешки мигови. Ве замолуваме да споделите. Почивај во мир“, пишува во статусот.

Слично
