Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец загина кај Нова Градишка, сообраќајката слична на онаа во која загина Тоше

Македонец загина кај Нова Градишка, сообраќајката слична на онаа во која загина Тоше

40 годишен македонски државјанин , кој бил совозач  утрово загина во сообраќајна несреќа во Хрватска, а неговиот 64 годишен татко е пренесен во болница во Славонски брод .

Несреќата се случила во 4.10 часот на автопатот А3 на 163- тиот километар кај Нова Градишка. 

Автомобилот Мерцедес со швајцарски регистарски таблички се движел во правец кон Загреб , но кога престигнал  камион со српски таблички тој  се забил во него. Се претпоставува дека автомобилот се движел со брзина од 160 километри на час, а најверојатно возачот заспал .

Хрватските медиуми ја пренесуваат изјавата на обвинителот Фрањо Копуниќ дека станува збор за речиси иста сообраќајна несреќа како онаа во која загина пејачот Тоше Проески во 2007 година. 

Слично

Поврзани вести