Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец возач направи сообраќајка во Турција, вреќите се разлетаа на автопатот откако се преврте камионот

Македонец возач направи сообраќајка во Турција, вреќите се разлетаа на автопатот откако се преврте камионот

Македонскиот возач Глигор Филов е повреден во сообраќајна несреќа во Турција во судир на камион со камион во близина на градот Сандикли во 55 километар на автопатот Афионкахисар - Анталија.

Турските медиуми објавија дека камионот имал регистарски таблички на ЕУ, а по судирот натоварените гајби со компири се разлетале насекаде, по што автопатот морал некое време да се затвори додека да се расчисти од службите и да се тргнат возилата.

Била претрпена голема материјална штета на предниот дел на камионот, а несреќата се случила во близина на наплатна рампа.

Двајцата возачи биле пренесени во државната болница Сандикли.


Слично

Поврзани вести